Проект за можните модели за културно помирување меѓу македонското и бугарското општество

Институт за општествени и хуманистички науки (ИОХН) од Скопје, во партнерство со Словачката академија на науки, Фондацијата за хуманистички и општествени истражувања – Софија, Res Publica Фондација – Варшава, Институт за модерен развој – Прага и Институтот за политичка историја –Будимпешта, спроведува нов проект на темата можни модели и методи на културно помирување меѓу македонското и бугарското општество, наречен „Алијанси за ЕУ“ со дигитална платформа.

Целта на проектот е наместо да навлегува во големите историски спорови или политички дебати на темата на општествено-политички поларизации на повеќе фронтови поврзани со бугарско-македонскиот културно-идентитетски (или како што некои го нарекуваат – историски) спор, да понуди знаење, добри примери и модели на дијалог за слични спорови ширум Европа, се наведува во соопштението за проектот од ИОХН.

Креаторите на проектот си поставиле за задача да ги испитаат можностите за интер-културен дијалог меѓу двете општества, како и меѓу мнозинскиот дел од општеството во Северна Македонија и бугарското малцинство.

Исто така, се вели во соопштението, преку Дигиталната платформа лансирана неодамна се промовираат вредностите на дијалог, учејќи од искуствата од Германија, Полска, Унгарија, Словачка и бројни други земји во Европа.

„Алијанси за ЕУ“ со дигитална платформа (https://www.alliancesforeu.org/) овозможува увид во искуствата од Европа за тоа дека дијалозите секогаш даваат резултати, иако може да траат и со децении и да се одвиваат паралелно со евро-интеграциските процеси.

За ова зборува в.д. Амбасадор на Германија во Северна Македонија, господинот Ото Граф, во интервјуто изведено во ко-продукција со Цивл Медиа.

На линкот „Подкасти“на Платформата може да се проследат и други релевантни интервјуа, како и студии објавувани во рамки на овој проект.

Секој граѓанин и граѓанка имаат можност да го изнесе својот предлог за подобрување на добрососедските односи на овој линк од Платформата: https://www.alliancesforeu.org/opinions-of-citizens

Треба да знаете
Moже да ве интересира