Проекти вредни 61,9 милиони евра за поголема енергетска независност и ефикасност

По повод Светскиот ден на енергетска ефикасност, заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи порача дека со мали промени можеме да заштедиме енергија, финансии и да не ја загадуваме животната средина.

„Тоа е можно ако се грижиме за топлинската изолација во домовите, фабриките и институциите, ако користиме штедливи светилки, ако продолжиме уште повеќе да ги користиме обновливите извори енергиј. Енергетската ефикасност не е само прашање на еколошка одговорност, туку и прашање на економска и социјална одговорност“, пишува во пораката на социјалните мрежи вицепремиерот Битиќи.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ по повод Денот на енергетска ефикасност објави дека Секретаријатот за европски прашања на последниот повик во рамки на Инвестициската рамка за Западен Балкан аплицирал два проекти од областа на енергетиката.

Како што информираат од СЕП, станува збор за инвестиции за енергетска ефикасност во објекти во сопственост на Владата на Република Северна Македонија. Грантот е во износ од 2.5 милиони за интервенирање и зголемување на енергетска ефикасност на 18 здравствени објекти, а вкупна инвестиција е 27,5 милиони евра.

Вториот проект, како што најавува вицепремиерот Маричиќ е со цел зајакнување на мрежата за дистрибуција на струја во југоисточниот дел на државата. Грантот од околу 8 милиони евра ќе овозможи приклучок на мрежата за струја произведена од обновливи извори на енергија од хидроцентрали, соларни централи, ветерници и со тоа се зголеми независноста на земјата за производство на сопствена струја. Вкупната инвестиција е 34,4 милиони евра.

Маричиќ вели дека Владата предводена од СДСМ инвестира во сигурна енергетска иднина, но дека потребна е и енергетска одговорност од секој од нас за енергетска ефикасност, наведувајќи ги македонските ветрови, водите, сонцето и граѓаните како основа за тоа.

Треба да знаете
Moже да ве интересира