Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Промовирано бугарското издание на романот „Адамовото ребро“ од Оливера Николова во КИЦ Софија

Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија синоќа се одржа промоцијата на романот „Адамовото ребро“ од Оливера Николова.

Романот на Николова неодамна излезе од печат во издание на агилната издавачка куќа „Изида“.

Промоцијата започна со видео обраќање на 88-годишната авторка Николова кон присутните во галеријата на Културниот центар во Софија.

Книгата беше претставена од Н.Е. Агнеза Руси-Поповска, амбасадорка на РСМ во Софија, уредничката во издавачката куќа „Изида“, Елеонора Тодорова, и преведувачот од македонски на бугарски јазик, Маријан Петров.

Николова за „Адамовото ребро“ вели дека дури кога ја напишала, сфатила дека овој роман е длабока интимна потрага по себе си.

„Барањето на себе си никогаш на минува без учество на другите, затоа сум длабоко благодарна на сите познати и непознати, современици и несовременици, сонародници и несонародници, посочи Николова кон бугарското издание на нејзината книга.

Зачлени се на нашиот е-билтен