Ракометарите на Охрид вечерва против унгарска Татабања, на домашен терен го играат реванш натпреварот од големото финале на ЕХФ Европскиот куп.
Македонскиот тим одигра одличен меч на гостински терен во Унгарија и успеа да слави со 29-28, а вечерва од 20.00 часот ќе се обиде да ја одбрани или зголеми предноста.
Во таборот на „гладијаторите“ владее голем оптимизам пред најважниот натпревар во сезоната. Ракометарите се подготвени и мотивирани да го направат последниот чекор кон историски успех, свесни дека пред нив е можност која ретко се добива.
Од другата страна, стои Татабања, екипа која уште пред почетокот на сезоната беше посочувана како главен кандидат за освојување на трофејот. Унгарскиот состав сигурно чекореше низ натпреварувањето, но во првиот финален дуел се соочи со инспириран Охрид кој покажа дека може рамноправно да се носи на теренот.
За потсетување, минатогодишниот шампион во ова натпреварување е скопски Алкалоид.
