Додека Христијан Мицкоски со владин авион тера одмор во Сплит-Хрватска, ги повика граѓаните да летуваат во Македонија ако не можат да ја поминат границата поради метежот предизвикан од ЕЕС системот, велат од СДСМ.
Оттаму додаваат дека истото го правел и Александар Вучиќ, кој имал кампања „Летувајте во Србија” и ги повикувал граѓаните на „домашен туризам”.
„Дали постои нешто што Мицкоски не го копира од својата сестринска партија и големиот брат Вучиќ?
Изгледа дека Мицкоски однапред сака да им покаже на граѓаните како изгледа потполната изолација што нè очекува и да им објасни зошто не можат слободно да патуваат – поради неговата политика на стопирање на ЕУ интеграциите. Поважно му е да ги исполнува обврските кон Москва и Вучиќ и да ги полни своите џебови преку тендери, отколку да ја отвори земјата кон Европа, бидејќи тогаш некој мора да одговара за криминалот и корупцијата.
Ова е директно признание дека неговата антиевропска политика ги затвора границите и им ја краде слободата на граѓаните. Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста“ стои во соопштението на СДСМ.