Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Што навистина изјави, а како манипулативно се пренесува американскиот претседател Бајден

„Американскиот претседател Џо Бајден со нова изјава го потврди вековното размислување на целиот свет дека државниот врв на оваа земја е заинтересиран само да води војни, тврди Фокус во првата реченица од својот манипулативен текст со наслов „Бајден: Прекинот на огнот во Газа не е мир, војната треба да заврши засекогаш!“.

Манипулацијата и произволното толкување во Фокус на говорот на Бајден продолжува понатаму, каде се вели дека Бајден, говорејќи на темата за бомбардирањето на Газа, рече дека „не е за прекин на војната“, иако тој се заложи за завршување на војната засекогаш, и создавање на одржлив мир во Газа.

– Се додека Хамас се држи до својата идеологија на уништување, прекинот на огнот не е мир. Хамас ќе користи каков било прекин на огнот за да ги обнови ракетите, да ги прегрупира борците и да ги обнови нападите врз невините – напиша Бајден во статија за Вашингтон пост, пренесува Фокус.

– Нашата цел не треба да биде да ја запреме војната денес, војната треба да заврши засекогаш. Треба да го прекинеме циклусот на континуирано насилство и да изградиме нешто силно во Газа и на целиот Блиски Исток, за да не се повтори историјата – додаде Бајден, јасно збунувајќи ги читателите откако прво го поддржа бомбардирањето, се вели во толкувањето на Фокус за говорот на Бајден.

Фокус селективно пренесува само две негови изјави од целиот оригинален текс објавен во Вашингтон пост, кои се извадени од контекст, за да го поткрепи своето тврдење за, според нив „вековното размислување на целиот свет дека државниот врв на оваа земја е заинтересиран само да води војни“.

Говорот на Бајден беше во насока на создавање на целосен мир од кои корист ќе имаат сите, а највеќе Палестинците, а како главна пречка во остварување на ваквиот план ги посочи терористичките акции на Хамас.

Бајден, всушност истакна дека САД ќе продолжат да работат за да спречат овој конфликт да се шири и да ескалира понатаму.

Ова е во остра спротивност на терористичката стратегија на Хамас: криење меѓу палестинските цивили. користење деца и невини како жив штит, поставување терористички тунели под болниците, училиштата, џамиите и станбените згради, максимизирајќи ја смртта и страдањето на невините луѓе – Израелци и Палестинци. Ако Хамас воопшто се грижеше за животите на Палестинците, ќе ги ослободи сите заложници, ќе се откаже од оружјето и ќе ги предаде лидерите и одговорните за 7 октомври, истакна Бајден и додаде дека: Исходот што ќе го остави Хамас да ја контролира Газа уште еднаш ќе ја овековечи неговата омраза и ќе ја ускрати шансата на палестинските цивили да изградат нешто подобро за себе.

Не зачудува тоа што оваа објава е во корелација со српски Б92, кој објави текст со наслов „Америка сака војна?“ и во поднасловот констатира дека американскиот претседател Џо Бајден ги отфрли повиците за прекин на огнот во Газа, велејќи дека тоа нема да донесе мир, додека во самиот текст се цитираат истите изјави на Бајден кои воопшто не ги оддржуваат изнесените наводи во насловот.

ЦМТ (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен