Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг во Москва, каде што дојде да присуствува на прославата на 80-годишнината од победата над фашизмот.
„Не дојдов да барам ништо, туку да кажам големо благодарам. Успеавме да се избориме против обоената револуција организирана однадвор во обид да го собориме раководството на Србија. Ви благодариме за секаква политичка поддршка! За нас постои само еден принцип – принципот на Кина“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ на почетокот на средбата со Кси Џинпинг во Москва, пишува Б.
Да потсетиме, по неславното патување во Америка, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, реши да отпатува во Москва за да го прослави Денот на победата над фашизмот.
Европската унија претходно предупреди дека таквиот потег може да доведе до последици.
Самиот Вучиќ од Москва изјави дека очекува остри реакции од Европската унија за неговата посета на Руската Федерација, но дека ќе им „одговори сериозно“ и, како што нагласи, ќе им каже се што мисли за секој тип на политички односи што ги имале со Србија.
Скандалозна изјава на Вучиќ во Москва: За нас постои само еден принцип – принципот на Кина