Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Со строги мерки и казни за нотарите Албанија, ги спроведува реформите паралелно со оние во правосудството

Паралелно со процесот на ветинг кај судиите и обвинителите, во Албанија се спроведува строга контрола и во работата на нотарите.

– Во периодот јануари-август 2024 година, Министерството за правда ги засили контролите во нотарските канцеларии низ државата, при што беа извршени 42 контроли, што е значително зголемување во однос на минатата година. Овие контроли дојдоа како одговор на поплаки на граѓаните, како и за гаранција за спроведување на законските правила од страна на нотарите, рече министерот за правда, Улси Мања.

Според него, во периодот јануари-август годинава, одземени им се лиценците за работа на 11 нотари, а изречени се и други мерки.

Како резултат на овие длабински проверки преземени се управни мерки против 22 нотари за кои е констатирано прекршување. Од нив, на 11 нотари им е одземена лиценцата, четворица други се суспендирани, додека на седум нотари се изречени управни мерки. Запленети се и 17 нотарски архиви, посочи Мања.

Инаку, деновиве разрешен е обвинителот Сабри Кастрати, од Обвинителството во Лежа, кој не можел да го аргументира потеклото на имотот што го поседувал. Од почетокот на процесот, 1 јануари 2018 година, ветингот не го минале над 200 судии и обвинители, меѓу нив и претседател на Врховен суд.

Најново