Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Sound of Green” фестивалот ќе се одржи во петок во МКЦ, влезниците се едно пластично шише или лименка

Во петок во 20.30 часот, Младинскиот културен центар ќе биде местото каде ќе се одржи „Sound of Green” фестивалот по повод 30 години дипломатски односи меѓу Швајцарија и Северна Македонија.

Влезот на настанот е симболичен гест кон еколошката свест: едно празно пластично шише, празна лименка или инсталирана апликација Пакомак Екомак која може да ја преземете тука за IOS и тука за Androaid.

Настанот ќе започне во 19:00 часот со отворање на изложбата насловена „CleanTech – швајцарски решенија за заштита на животната средина“. Оваа изложба ќе прикаже иновативни решенија во управување со отпад, одржливо земјоделство, зачувување на природните ресурси и примена на принципи на циркуларна економија во управувањето со водите. Некои од овие решенија се од приватниот сектор на Швајцарија, додека други доаѓаат од швајцарската програма за соработка со Северна Македонија.

Клучната порака е дека институциите, владата, донатори, граѓанскиот и приватниот сектор да ги инспирираат младите за да ги имаат вештините да се соочуваат со овие клучни проблеми на денешницата.

-Дали тоа ќе биде преку формален образовен процес, преку мобилизација на граѓански сектор, преку стартапи – но останува важно дека мора да бидеме тие што ќе им го изградиме патот, велат од организацијата.

Изложбата и концертот се дел од прославувањето на 30 години дипломатски односи помеѓу Швајцарија и Северна Македонија, а главни партнери се Пакомак и Макстил.
На концертот ќе настапат од Северна Македонија – бендот Мојра како и Игор Џамбазов и Гуру Харе, а од Швајцарија Орфија како и Алекс Нантаја.

Лорис Капелини кој настапува под името Орфија, има 24-ри години и е дел од независната музичка сцена во Женева. Креира музика категоризирана од хипнотизирачкиот електронски студен бран, инспириран од златната ера на краутрок. Орфија дава носталгично музичко доживување, вешто спојувајќи синтисајзери, вокали и машини за тапани. Неговите два синглови – хипнотизирачкиот Oberheim и мрачниот Crayon Noir – беа хит пред да биде објавено неговото деби EP L’Aventure des Gens Modernes. Cold wave, пост-панкот и синт поп го сочинуваат овој албум налик на Depeche Mode, кој ја спојува меланхоличната, страсна француска проза со исклучителна музичка зрелост. Годинава најавува и нов албум од кој синглот Nuit vellie веќе станува хит во Швајцарија и франкофоните држави.

Диџејката Алекс Нантаја (Дона Алексија Нантаја Замарос) ја доживува нејзината така-наречена златна ера на настапување. Збогатена со формално образование во музичка конзерваторија од поп музика преминува во електронска музика. Нејзините електронски сетови карактеризирани како грув техно ја доведоа на нејзини 26 години да настапува со најголемите музички имиња во Швајцарија на големите сцени Nordstern, D! Club, и Le Zoo/Usine.

Мојра се млад бенд од Северна Македонија авторски проект на Јасна Трпкова и Дарко Јованов кои инспирирани од разнолики форми на музика комбинирајќи труба, пијано, гитара, саксофон, тромбон, контрабас, перкусии + електронски елементи. На сцената се појавија со нивната песна Арома(н)тична а настапуваат со авторски песни од нивниот најаваен албум. За својата музика викаат дека песните им се деца на случајноста и музиката организиран хаос.


Игор Џамбазов и Гуру Харе: Едни од најпознатите музичари во македонската забавна музика, ќе изведат некои од нивните најголеми хитови, на големо задоволство на публиката.

Зачлени се на нашиот е-билтен