Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Спасовски: За четири месеци имаме над 25 вооружени инциденти, дали Мицкоски ќе побара одговорност од Тошковски?

Дали премиерот Христијан Мицкоски ќе побара одговорност и ќе предложи разрешување на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, праша на денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски.

Тој смета дека безбедносната состојба во државата е сериозно нарушена а како поткрепа на тоа наведе и неколку примери.

„Ако погледнеме, на 27 октомври имаше пукање од автоматско оружје во Чаир, пред една недела на 24 октомври имаше пукање на скопската обиколница. Пред две недели на 14 октомври имаше исто така пукање во Чаир, каде што директно учествуваше помилуваниот нарко бос. На петти октомври повторно имаше пукање во Чаир кога повредено беше 19годишно момче. Тоа се пет инциденти со пукање за нецел месец. Над 25 вооружени инциденти се случија во последниве четири месеци откако се на власт ВМРО-ДПМНЕ. Освен во Чаир се пукаше и во Арачиново, Батинци, Сингилиќ, на Пластичарска улица, во Тетово, се случи убиството кај Мавровка. Сакам да ве прашам дали за ова ќе побарате одговорност од министерот за внатрешни работи Тошковски?“ праша Спасовски.

Зачлени се на нашиот е-билтен