Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Трамп побара од Врховниот суд да ја паузира судската одлука која го лишува од апсолутен имунитет

Поранешниот претседател Доналд Трамп синоќа поднесе барање до Врховниот суд на САД судот да ја паузира одлуката на апелациски суд според која се одби неговото барање за апсолутен имунитет од кривичен прогон, а поврзано со неговите обиди за поткопување на резултатите од изборите во 2020 година, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Ако судиите од Врховниот суд не издадат запирање додека ја разгледуваат неговата апелација, судскиот процес по тој кривичен прогон, кој беше одложен, ќе продолжи.

Поднесокот е последен обид во напорите на Трамп да го истурка своето тврдење за целосен имунитет што беше одбиено од два суда од пониска инстанца. Врховниот суд сега треба да одреди дали и колку брзо ќе се одвива федералниот суд заснован на тужбата за подривање на изборите во 2020 година. Ако судиите не донесат брза одлука, судењето може да се одложи доцна во изборната кампања или дури до по изборите.

Поднесокот на Трамп се случува откако панел од тројца судии на Апелациски суд на САД од округот Колумбија едногласно ја отфрли аргументацијата на Трамп дека тој не треба да биде кривично гонет за постапки шти ги направил додека бил претседател.

Зачлени се на нашиот е-билтен