Сериозна сообраќајна несреќа се случи утрово во белградската населба Дорќол, кога трамвај излета од шините и удри во зграда на аголот меѓу улиците „Цар Душан“ и „Книќанинова“.
Инцидентот се случил околу 9:30 часот. Според првичните информации, повеќе лица се пожалиле на повреди, а неофицијално се споменуваат околу десетина повредени. Две жени кои се наоѓале во зградата во која удрил трамвајот се здобиле со полесни повреди.
На местото на несреќата излегле екипи на Итната медицинска помош и полицијата, а увидот треба да ги утврди причините поради кои трамвајот излегол од шините и завршил во објектот.
Поради несреќата, трамвајскиот сообраќај во овој дел од Белград е прекинат, а во околината се создадени големи метежи, особено во правец кон Калемегдан.
