Во своето обраќање на денешната седница, пратеничката од СДСМ, Јованка Тренчевска се осврна на состојбите со платите во образованието.
Тренчевска поставувајќи прашање кон министерката за образование, Весна Јаневска истакна дека таа и Владата не успеале да ги зголемат платите во образованието за 12% колку што претходно беше планирано.
„Не ги покачивте платите во образованието за 12 % колку што требаше. Ги излажавте наставниците. Прво велевте дека нема пари во буџетот, но под притисок на јавноста, на СДСМ и на наставниот кадар, платите во образованието ги покачивте за срамни пет проценти, само за колку толку да се смири револтот со некое симболично зголемување кое е далеку од потребното за нашите просветни работници. Кога СДСМ беше на власт, платите во образованието во континуитет се покачуваа. За седум години ги покачивме за 55% и покрај сите економски кризи. Кога СДСМ ги покачуваше платите во образование сегашната министерка Весна Јаневска велеше дека покачувањето од 10% е неприфатливо и повикуваше платите по секоја цена да се покачат за 18%“ порача Тренчевска.