Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Уапсени петмина новинари од независни медиуми во Русија

 Петмина новинари кои работат за независни медиуми се уапсени синоќа и денеска во Русија, јави невладината организација ОВД-Инфо, специјализирана за следење на репресијата во таа земја.

Околу полноќ полицијата ги приведе Екатерина Аникијевиќ од медиумот СОТА Вижн и Константин Жаров од РусЊуз, соопшти таа организација.

Жаров бил тепан од полицијата и му се заканувале со сексуално насилство, пренесе организацијата.

„Ме шутираа, ми ја ставаа ногата на глава, ми ги вртеа прстите, ме исмејуваа кога се обидов да станам“, рекол Жаров. Како што пренесува неговиот медиум Русњуз, тој кажал дека има повреда на главата, гребаници, изместени прсти и исчашувања.

Тој рече дека насилството било предизвикано поради снимањето во станот на другата новинарка Антонина Фаворскаја од СОТА Вижн, која синоќа била приведена веднаш по ослободувањето по 10 дена притвор поради непочитување на полицијата.

Синоќа е претресен станот на таа новинарка, како и нејзините родители, изјави нејзиниот адвокат Миахил Бирјуков.

Уште две новинарки, Александра Астахова и Анастасија Мусатова, кои дојдоа да ја земат својата колешка на излегување од затвор, исто така се приведени и однесени на распит, јави СОТА Вижн. 

Зачлени се на нашиот е-билтен