[ВИДЕО] Мишко Иванов: Живеам за денот кога ќе направам „Патот до успехот” за Македонија како успешна европска приказна

Живеам за денот, или го чекам денот кога ќе направам „Патот до успехот“ за Македонија. Македонија успешна приказна. Македонија европска приказна. Македонија слободно новинарство и покрај тоа што во „Репортери без граници“ бележиме напредок но, сепак исправени сме пред предизвици, затоа што низ кариерата имам поминато низ затворање на медиуми и  сме се соочувале со разни притисоци. Сакам да ја направиме Македонија земја каде што ќе го вратиме вистинскиот систем на вредности, рече новинарот Мишко Иванов во своето обраќање при доделувањето на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за остварување во областа на новинарството.

Оваа година неговата емисија „Патот до успехот“ одбележува 10 години постоење, а самиот Иванов 25 години во новинарството.

Треба да знаете
Moже да ве интересира