(ВИДЕО) Туристички брод потона кај Турција, патниците спасени навреме

Туристичкиот брод „Big Boss Diamond“ потонал на 29 мај кај брегот на Турција за време на излет со туристи.

На видеоснимки објавени на социјалните мрежи се гледа како патниците во паника го напуштаат бродот и скокаат во морето додека пловилото тоне.

Според првичните информации, сите лица кои се наоѓале на бродот биле навреме спасени. Во инцидентот нема загинати.

Засега нема дополнителни детали за причините поради кои бродот потонал. Очекувањата се надлежните служби да утврдат дали станува збор за технички дефект, човечка грешка или други околности што довеле до несреќата.

Најчитано