Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Владата на Груевски потроши над 700 милиони евра за „Скопје 2014“, Мицкоски ќе го довршува со пари од буџетот во 2025

Според најавите на премиерот Христијан Мицкоски, недоизградените објекти од проектот „Скопје 2014“ ќе се довршат, но не годинава, затоа што со ребалансот на буџетот не се предвидени пари за таа намена. Средства ќе се обезбедат во наредниот буџет, за 2025 година.

Мицкоски се согласува дека недовршените објекти од проектот „Скопје 2014“ го грдеат лицето на главниот град и посакува поскоро да бидат завршени, иако, како што рече, е љубител на модерниот стил и би сакал така да се довршат објектите, но сепак, како што кажа, тоа ќе го кажат архитектите.

Проектот “Скопје 2014” содржи над 30 споменици, повеќе нови барокни објекти, но и стари со нови реконструирани неокласицистички фасади, мостови, фонатни, плоштади, врби, изработени од над 20 автори, за сума и хонорари, кои се држеа во најголема тајност.

Владата на екс премиерот Никола Груевски потроши над 700 милиони евра државни пари за контроверзниот проект Скопје 2014, а беа предвидени 80 милиони евра. Сега премиерот Христијан Мицкоски најавува завршување на проектот во буџетската 2025 година.

Со одлука на поранешниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, во 2013 комисија на чело со двајцата поранешни претседатели на Антикорупциска, Слаѓана Тасева и Драган Малиновски ги проверуваше јавните набавки за реализација на “Скопје 2014”. Заклучокот беше дека штетата по општинскиот буџет оди до околу 8 милиони евра, фаворизирање на фирми и сомнежи при исплаќање на хонорарите.

За проблемите со квалитетот на објектите од „Скопје 2014“ веќе и не се зборува и во нив си функционираат разни државни институции.

Најново