Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Владата со авансна исплата ги субвенционира земјоделците и лозарите, ќе се реконстриура и спортската сала „Работнички“ во Градскиот парк во Скопје

Согласно донесените одлуки на вчерашната владина седница авансна исплата од 30 проценти на субвенциите ќе добијат и лозарите, нешто што не се случило никогаш досега.

Со воведениот нов модел за субвенции, се овозможи да има навремена поддршка на лозовите насади, тогаш кога им е најпотребна на лозарите.

Владата на седницата донесе измени и дополнувања на програми и уредби, со коишто се овозможува земјоделците во државава за прв пат досега, да добијат авансна исплата на субвенциите.

Станува збор, како што е објаснето од предлагачот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за предвремена, односно авансна исплата на субвенциите по програми за тековна година, согласно новиот модел на субвенционирање што го воведе Владата.

Сите 40.000 земјоделци кои се стекнале со право за субвенции, ќе добијат авансна исплата на 30 проценти од субвенциите, во текот на следната недела.

На вчерашната владина седница беше донесена одлука за прераспределба на средства од Буџетот за реконструкција на спортската сала „Работнички“ во Градскиот парк во Скопје.

Агенцијата за млади и спорт е задолжена да префрли 30 милиони денари на посебна наменска сметка на Општина Центар.

Согласно владината одлука, прераспределените средства кон Општина Центар се исклучиво за намената за којашто се доделени, односно за реконструкција на спортска сала „Работнички“ – Градски парк, општина Центар.

Треба да знаете
Moже да ве интересира