Водно денеска е цел на „Прв до врв“

На Водно денеска се одржува 14. издание на спортско-рекреативната манифестација „Прв до врв“, која ги обединува планинарите, тркачите, велосипедистите и рекреативците во едно од најмасовните искачувања во земјата.

Настанот има пет натпреварувачки категории: планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, E-Bike и тим-билдинг трка за компании – Summit Run. Патеките водат до врвот на Водно, со контролни точки кај полицијата, Средно Водно и пред целната линија.

Велосипедските трки стартуваат во 9:45 часот од Музејот на град Скопје, со летечки старт пред ОУ „Кочо Рацин“. Планинското трчање и тим-билдинг трката почнуваат во 10:00 часот пред училиштето. Секој учесник што ќе ја заврши трката добива финишер медал, а за нови рекорди е обезбеден награден фонд од 1.000 евра.

Најчитано