Само исчекорувањето напред секогаш ни носело и ќе ни носи придобивки, подобро секојдневие и подобар живот за сите, се вели во честитката на Марјан Забрчанец -национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи по повод Илинден.
– Честит Илинден, најголемиот празник македонски, столбот на државноста. Македонскиот народ има право да биде горд. Годинава кога славиме 120 години од првиот Илинден, како никогаш до сега, целиот демократски свет ни оддава признанија и ни ја истакнува посебноста на македонските јазик и култура. Да продолжиме напред. Само исчекорувањето напред секогаш ни носело и ќе ни носи придобивки, подобро секојдневие и подобар живот за сите, стои во честитката на Забрчанец.