Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зеленски ги повика сојузниците од Г7 „навреме“ да достават воена помош за Украина

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика западните сојузници да достават воена помош до неговата земја навреме, за време на виртуелниот состанок на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7) организирана на втората годишнина од руската инвазија.

– Вие многу добро знаете што ни треба за да го заштитиме нашето небо, да ја зајакнеме нашата копнена армија, што ни треба за да ги одржиме и продолжиме нашите успеси на море и добро знаете дека тоа ни треба на време и сметаме на вас, рече Зеленски.

Украинскиот претседател додаде дека на армијата и недостасува муниција и побара повеќе системи за противвоздушна одбрана против руската армија, која е во офанзива.

Треба да знаете
Moже да ве интересира