Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојна Христовски на функцијата, според Држвната комисија за спречување на корупција (ДКСК) е именуван согласно законските услови.
Антикорупционерите на денешната седница со мнозинство гласови одлучија да ја запрат постапката по иницијативите со кое се спореше именувањето на Бојан Христовски, да ја затвори и архивира.
Предметот на седница го реферираше антикорупционерката Цвета Ристова. На почетокот таа кажа дека првата пријава за сомнежи дека Христовски незаконски е поставен на функцијата, стигнала на 22 октомври, односно шест дена по неговото именување. Дополнително, по неа пристигнале уште осум.
„ДКСК изврши увид во сертификатот и формално правно условот е исполнет, односно, поднесен е документ што ги задоволува барањата. Во врска со сомневањето за автентичноста, ДКСК нема овластување да проверува и утврдува автентичност на документите кои бараат експертиза надвор од нашите надлежности. Евентуалната невалидност на документот би требало да ја докажува Јавното обвинителство на РСМ каде што има кривична пријава. Документот важи се додека не е докажано спротивно од надлежен орган“, рече антикорупционерката Цвета Ристовска која реферираше за предметот против Хритовски.
Антикорупционерите со пет гласа „за“ констатираа дека нема основ за постапување по основ на судир на интереси и корупција при именувањето на Христовски и дека тој ги исполнува условите за вршење на функцијата.
ДКСК одговорноста за натамошно постапување ја ппрефрли врз Јавното обвинителство.