Пет години по пандемијата, СЗО сè уште чека податоци од Кина за потеклото на Ковид-19

Пет години по првите случаи на новото белодробно заболување во Вухан, Светската здравствена организација (СЗО) и понатаму бара целосна соработка од Кина за разјаснување на потеклото на пандемијата Ковид-19, пренесува ДПА.

„Ова е морален и научен императив. Го повикуваме Пекинг да сподели податоци и обезбеди пристап за истражување. Без транспарентност и глобална соработка, светот не може ниту да спречи, ниту да се подготви за идни пандемии,“ предупреди СЗО.

Во 2021 година, заедничка истражувачка комисија на СЗО и кинески експерти го посети Вухан. Нивниот извештај ја посочува теоријата дека коронавирусот најверојатно потекнува од диви животни, преминувајќи преку друг вид до луѓето.

Сепак, потеклото и начинот на пренос остануваат нејасни, а прашањата за транспарентност и недостиг на податоци од Кина сè уште го попречуваат конечното утврдување на фактите.

Зачлени се на нашиот е-билтен