Двајца загинати и 63 спасени во несреќа со мигранти во близина на грчкиот остров Родос

Најмалку две лица го загубија животот во новата несреќа со мигранти во морскиот дел источно од грчкиот остров Родос, додека спасени се 63 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба на Грција информираа дека спасувачката акција е во тек, се одвива во добри временски услови, а учествуваат патролен брод, спасувачки брод, како и нуркачи, за евентуално пронаоѓање на исчезнати.

Досега биле откриени 63 бегалци и мигранти и извлечени безживотните тела на две лица, а причините за несреќата се непознати. 

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?