Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Почина Феликс, кучето кое го претепа 61-годишен маж во Момин поток

Кучето Феликс, кое во ноември 2024 година беше крвнички претепано со метална шипка, почина утрово од здравствени компликации. Информацијата ја потврдија од ЈП „Лајка“, нагласувајќи дека, и покрај бројните напори за негово лекување, Феликс добил напад што бил фатален.

„Во последните месеци од животот, Феликс за првпат почувствува љубов, грижа и топлина. Имаше можност да биде сакано куче, но за жал, тоа беше и неговата последна шанса“, напишаа од „Лајка“ во својата објава.

ЈП „Лајка“ најави поднесување кривична пријава против сторителот и неговите соучесници. Случајот предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, каде граѓаните го осудуваат грозоморното дело и бараат правда за Феликс.

На 19 ноември 2024 година, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Љ.К. (61) од Скопје, по пријава дека во индустриската зона Момин Поток со тврд предмет нападнал куче. По службен разговор и истрага, против него ќе биде поднесена кривична пријава за „мачење животни“ согласно член 233 од Кривичниот законик на РСМ.

Случајот на Феликс останува потсетник за потребата од заштита на животните и повисока свест во општеството.

Зачлени се на нашиот е-билтен