Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ахмети влезе во филм, сподели видео во униформа на УЧК

Интегративците на социјалните мрежи пуштија видео на кое се гледа како Али Ахмети во униформа на УЧК, порачува ‘дека до сега не изгубил ниту една војна’.

Јавноста се прашува што треба да значи видеото и дали ДУИ  се заканува преку воени видеа. За тв 24 од Мала Речица тврдат дека видеото било ‘спонтано’.

Очајнички се обидите на ДУИ да ги оцрни функционерите во Владата дека работат на некакви туѓи агенди кои ја оддалечуваат Македонија од патот кон еднаква и стабилна држава.

Аналитичарите коментирајќи ги видеата, велат дека партијата се фаќа за ‘сламка за спас на интегративците’, Додаваат дека видеото е само ‘очаен обид на Ахмети и луѓето блиски до него за опстанок на партијата’. Тие не очекуваат дестабилизација на земјата.

Заканите по етничка основа особено се вжештија по ветото од шефицата на државата Гордана Сиљановска Дафкова која го врати во Собрание Законот за заштита на децата токму поради за неа спорните членови 9 и 10 за што ДУИ обвинија дека ова е директен атак врз албанскиот јазик, откако претходно реагираа и за укинувањето балансерот и одлуката која ја донесе Уставниот суд за свикување подготвителна седница за да се дискутира околу спорните членови на Законот за употреба на јазиците. Пред тоа На ДУИ и се случи Црната листа на САД на која беше ставен најблискиот сиработник на Ахмети, Артан Груби.

Зачлени се на нашиот е-билтен