Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Израелски напад со дрон врз комбе во кој беа убиени пет лица

Бројот на загинати во денешниот напад со израелски дрон врз комбе во јужен Либан се искачи на пет, соопшти либанското Министерство за здравство.

Уште четворица се повредени во нападот во Таир Деба источно од крајбрежниот град Тир, соопшти Министерството.

Општината Таир Деба ги повика луѓето да го избегнуваат местото на нападот заради сопствена безбедност, наведувајќи го присуството на неексплодирани смртоносни средства во областа, објави државната новинска агенција ННА.

Израелската војска соопшти дека „идентификувани се неколку терористи кои товареле камион со оружје што го користела терористичката организација Хезболах во јужен Либан“.

Израелските воздухопловни сили „го погодија оружјето во возилото за да ја елиминираат заканата“, се вели во соопштението објавено на Телеграм, пренесува ДПА.

Откако дронот удрил во комбето, жителите во близина пријавиле дополнителни експлозии во областа.

Либански безбедносни извори рекоа дека во комбето имало муниција што ги предизвикало следните експлозии.

Кревкиот прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах стапи во сила на 27 ноември по повеќе од една година непријателства, вклучително и двомесечна сеопфатна војна кога Израел испрати и копнени трупи во Либан.

Според условите на прекинот на огнот, либанската армија треба да се распореди заедно со мировниците на ОН на југ, бидејќи израелската армија се повлекува во период од 60 дена, кој истекува на 26 јануари.

Како дел од договорот, Хезболах треба да се повлече зад реката Литани на околу 30 километри северно од израелско-либанската граница. Ова се совпаѓа со условите на Резолуцијата 1701 на ОН, која имаше за цел да ја реши војната во Либан од 2006 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен