Најмалку шест шумски пожари сè уште горат низ округот Лос Анџелес. Најмалку 11 лица загинаа, а официјалните лица предупредуваат дека вистинскиот биланс нема да биде јасен додека не биде безбедно за инспекторите да одат во населбите. Повеќе од 100.000 луѓе се под наредба за евакуација, соопшти во петокот одделот на шерифот, а уште десетици илјади се под предупредување.
Најмалку 10.000 имоти се уништени, според проценителот на округот, а цели населби се срамнети со земја. Пожарникарите постигнаа напредок, со 70% локализиран пожар во Хрст, а 50% со пожар Кенет. Што се однесува до најголемите пожари, официјалните лица велат дека пожарот на крајбрежјето Палисадес е локализиран најмалку 8 отсто, а екипите очекуваат „значително задржување“ на пожарот Итон во Алтадена вечерва.
Гувернерот на Калифорнија повика на независна истрага за тоа што предизвикало губење на притисокот на водата кај некои хидранти за време на екот на овонеделните пожари. Сппоред CNNразорната комбинација на фактори го онезвозможи користењето на ресурсите на округот за справување со пожари.