Принцот Хари и Меган, наводно, примиле некои пријатели кои ги загубиле своите домови поради пожарите во околината на Лос Анџелес. Тие биле видени како се гушкаат со жителите во Лос Анџелес за време на најлошите шумски пожари што градот некогаш ги видел.
Двојката го посети Конвенцискиот центар во Пасадена каде разговараше со локалното население, вклучително и работници за итни случаи кои се справуваа со пожарот во Итон.
Шумскиот пожар во Итон досега изгоре речиси 14.000 хектари земја, а само три отсто од пожарот е локализиран.
Принцот Хари и Меган живеат во Монтесито, во близина на Санта Барбара, на приближно 148 километри од Лос Анџелес.