Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бајден ја нарече срамна одлуката на Цукерберг да ја прекине програмата за проверка на фактите на Фејсбук

Американскиот претседател Џо Бајден остро ја критикуваше одлуката на компанијата Мета да ја прекине програмата за проверка на фактите, нарекувајќи ја „навистина срамна“.

По неговиот говор за економијата Бајден рече дека одлуката ќе овозможи ширење на неточни информации што ќе ги прочитаат милиони луѓе, пренесе Ен-Би-Си Њуз (NBC News).

-Тоа е сосема спротивно од сето она за што се залага Америка. Сакаме да ја кажеме вистината, рече Бајден.

Неговата изјава следеше по изјавата на гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, кој го критикуваше отсуството на реакција за дезинформациите поврзани со пожарите во Лос Анџелес.

Њусом посочи дека надлежните треба да се „позабават“ со лажните информации кои придонесуваат за поделби во општеството.

Мета во вторникот соопшти дека ќе ја прекине својата програма за проверка на факти и наместо тоа ќе воведе систем каде што корисниците самите ги оценуваат информациите, слично на она што X го прави со својот систем „Забелешки на заедницата“.

Исто така, од компанијата најавија дека ќе ги релаксираат и правилата поврзани со политичките содржини. 

Зачлени се на нашиот е-билтен