Дванаесет лица во Холандија се заразиле со хепатит А, откако вирусот бил во контакт со боровинки. Според холандскиот портал Ну.нл, причина за тоа би можело да биде берачот на боровинки не измил раце по користење на тоалет.
Контаминираните боровинки се продавале замрзнати во супермаркетите Алберт Хеијн, во пакувања од еден килограм, пишува холандскиот медиум. Боровинките во Холандија пристигнале од Полска, со рок на траење до 14 април во 2026 година.
Претставникот на холандскиот Национален институт за јавно здравство, Елко Франц изјави дека стотици луѓе моментно би можеле да бидат заразени, додека малопродажниот ланец ги повика купувачите да ги вратат боровинките.
Франц нагласи дека двајца пациенти се хоспитализирани и се наоѓаат во сериозна состојба. Според него, возраста на заразените лица е од 25 до 77 години.
Првите пријави за заразени лица пристигнаа од семејните доктори. Подоцна општинската здравствена служба потврди дека боровинките биле причина за заразата.