Рама порача дека Владата не се соборува со насилство

Албанскиот премиер Еди Рама порача дека Владата не може да се собори со насилство и најави казни за учесниците во насилните инциденти. На денешната прес-конференција тој повика на дијалог и најави мерки за ублажување на растечките трошоци за живот.

Рама тврди дека четири месеци слушал навреди и закани од демонстрантите пред неговата канцеларија, без конкретни барања и со постојано одбивање разговор. Според него, дел од учесниците сакаат дијалог, но стравуваат дека другите демонстранти ќе ги прогласат за предавници. Како пример наведе телефонски разговор со професор од Медицинскиот универзитет, чии забелешки за проблемите во универзитетската болница ги оцени како оправдани.

Премиерот најави дека Владата наскоро ќе претстави мерки за животниот стандард, трошоците за домување и напредувањето според заслуги. Паралелно, најави безбедносни мерки во координација со партнерите од Италија и Франција.

Рама повторно обвини дека во насилството се вмешани лица со криминално досие, радикализирани групи и странски фактори. Тој најави кривични последици за непосредните извршители и финансиски последици за оние што, според него, го поттикнуваат и промовираат насилството.

Обраќањето се одржа пред новите судири на протестите во Тирана, на кои се бара оставка од Рама и неговата влада. Пред Министерството за образование дел од демонстрантите фрлаа камења, а полицијата интервенираше со водени топови и солзавец.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?