Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Додека Тараври се шета како амерички турист, се случува хаос во здравството – нема биолошка терапија

„Додека министерот за здравство, Арбен Таравари се шета по САД и објавува слики од рекламни паноа, пациентите на Клиниката за радиотерапија и онкологија се оставени без биолошка терапија“, велат од СДСМ.

Според нив ‘ова е недозволиво и е уште еден доказ за неспособноста на владата на Мицкоски и министерот Таравари да се справи со елементарните потреби на граѓаните и здравствениот систем’.

„Недостигот од лекови како „atezolizumab“, „bevacizumab“, „palbociclib“, „ribociclib“ и други, претставува алармантен проблем. Станува збор за лекови кои буквално значат живот за пациентите со метастатски канцери. Наместо одговорност и навремено снабдување, гледаме само изговори и административни препреки кои ја продлабочуваат кризата“, велат од опозициската партија.

Ос СДСМ, прашуваат – Дали оваа влада, која ги троши народните пари на мебел, коли и луксуз, има барем малку одговорност кон граѓаните чие здравје и живот се загрозени?

„Наместо да обезбеди навремено финансирање и планирање на набавките, владата дозволува недостаток на есенцијални лекови и оставени пациенти на милост и немилост. СДСМ бара итно преземање мерки за обезбедување на потребната терапија за сите пациенти. Владата нема право да ризикува со здравјето на граѓаните. Оваа ситуација е последица на системски хаос и лошо менаџирање со здравството. Граѓаните заслужуваат здравствен систем што ќе ги штити, а не ќе ги загрозува“, велат во СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен