Белата куќа најавува трилатерален состанок за мир во Украина

трилатарален

Украински, руски и американски претставници ќе одржат трилатерален состанок во Абу Даби на 10 и 11 ноември за забрзување на мировните преговори за завршување на војната во Украина, јавува агенцијата Франс Прес.

Информацијата ја објави во понеделник специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, кој е клучна фигура во дипломатските напори на Белата куќа за преговори за завршување на конфликтот.

„Соединетите Американски Држави ќе посредуваат во разговорите на работно ниво меѓу Украина и Русија на 10 и 11 ноември во Абу Даби, продолжувајќи ја мисијата на претседателот Трамп за завршување на војната“, напиша Виткоф на социјалната мрежа X.

Според него, агендата ќе вклучува повоени безбедносни аранжмани, деескалација, хуманитарни напори и следните чекори кон мир. Паралелно со трилатералниот состанок во Абу Даби, американските преговарачи ќе се сретнат оваа недела во Брисел со претставници на Европската Унија и НАТО за да ги координираат ставовите на западните сојузници за текот на преговорите.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?