Жителка на германскиот Нојмарк откри вистинска реткост во својата штала – стара гајба со празни шишиња пиво, заборавена цели 47 години. Кога се обидела да ги врати во локалната продавница, касиерката била шокирана – шишињата не ги исполнувале современите европски стандарди, бидејќи биле произведени во далечната 1978 година.
Наместо да се откаже, жената се обратила директно до производителот – пиварата Нојмарктер Ламбсбрау. Наместо одбивање, ја пречекале со воодушевување!
Гајбата содржи ретка серија на Neumarkter Lammsbräu Urhell, произведена во чест на 350-годишнината од основањето на пиварата. Компанијата ја објави приказната на своите социјални мрежи, истакнувајќи дека системот за враќање на амбалажа функционира.
Иако имала право на надомест, жената не побарала никаква компензација. Директорот на пиварата, Јохан Ернспергер, најави дека гајбата ќе добие почесно место во компанијата како симбол на циркуларната економија и можеби ќе биде дел од изложбата за 400-годишниот јубилеј на пиварата.