Онлајн купувањето во Европската Унија продолжува да расте, покажува најновото истражување на Евростат за употребата на информациско-комуникациските технологии (ИКТ) во домаќинствата. Според податоците, во 2024 година 77% од интернет корисниците во ЕУ купиле или нарачале стоки и услуги за лична употреба преку Интернет во последните 12 месеци, што е зголемување од 59% во 2014 година, што претставува пораст од 17 процентни поени.
Найвисок процент на онлајн купувачи во 2024 година имаат Ирска (96%), Холандија (94%) и Данска (91%). Спротивно на тоа, Бугарија бележи најниска стапка од 57%, а следат Италија и Романија, со 60%.
Од 2014 до 2024 година, најголем раст во онлајн шопингот е забележан во Романија (+43 п.п., од 17% на 60%), Унгарија (+37 п.п., од 42% на 79%) и Литванија (+36 п.п., од 36% на 72%).
Најчесто купуваните производи во 2024 година биле облека, обувки и додатоци (45%), потоа следат испораките на храна од ресторани и брза храна (21%), козметика и велнес производи (20%), мебел и домашни додатоци (19%), и книги, списанија, весници и здравствени додатоци (16%).
Истражувањето го документира користењето на интернетот и е-купувањето преку активностите на поединците во последните 12 месеци, додека конкретните онлајн набавки на стоки се однесуваат на последните три месеци пред истражувањето.