Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

УЈП со апел: Утре истекува рокот за даночни пријави

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители и да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период најдоцна до 25 февруари (вторник).

До вчера, на крајот од работниот ден, од вкупно 7.396 очекувани ДДВ-04 пријави, поднесени се само 1.862, што претставува само 25% од вкупниот број на пријави. Ова укажува дека значителен број на обврзници сè уште не ги исполниле своите законски обврски, а за поднесување остануваат уште 5.534 ДДВ-04 пријави.

Управата за јавни приходи апелира до даночните обврзници да го исполнија својот законски обврски навремено за да избегнат стрес, казни и дополнителни трошоци. Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавите е клучно за усогласување со даночните прописи, одржување на финансиската стабилност на бизнисите и поттикнување на економскиот развој.

УЈП и нејзините тимови се на располагање за дополнителни информации и поддршка во процесот на исполнување на даночните обврски.

Зачлени се на нашиот е-билтен