Судир на јеменските сили и американските воени бродови во Црвеното море

Јеменските вооружени сили се судрија со американски воени бродови во Црвеното Море, а американските сили одговорија со нови воздушни напади во западниот дел на Јемен, објавија иранските медиуми.

Во раните утрински часови, јеменските власти соопштија дека нивните ракетни, воздухопловни и поморски сили биле вклучени во судир со неколку американски воени бродови во северниот дел на Црвеното Море. Меѓу нив се наоѓал и носачот на авиони „Хари С. Труман“, кој лансирал неколку крстаречки ракети и беспилотни летала.

Во изјавата, која ја пренесе јеменската телевизија Ал Масира, се истакнува дека оваа неколкучасовна операција имала цел да ги „спречи САД да ја прошират својата агресија врз Јемен“.

Поради ова, јеменските власти ја потврдиле и својата непоколеблива поддршка на палестинскиот народ, нагласувајќи дека вооружените сили на Јемен ќе продолжат да спроведуваат одмазднички операции против Израел, се додека не престанат агресијата и опсадата на Појасот Газа.

Зачлени се на нашиот е-билтен