Алијанса за Албанците на Таравари одржува партиско собрание

Денес, Алијанса за Албанците, партијата чиј лидер е Арбен Таравари, одржува важна седница на своето партиско собрание.

На дневен ред, согласно статутот на партијата, се наоѓаат неколку клучни точки. Претседателот на партиското собрание, Арбен Фетаи, ќе ги разгледа формалностите за записникот од претходната седница и ќе се расправа за одлуката за исплата на членарина од страна на функционерите. Дополнително, ќе се дискутира за актуелната политичка состојба во државата, а се очекува и подетална дебата за локалните избори што ќе се одржат во 2025 година.

На дневен ред е и усвојување на декларација за трагедијата која се случи во Кочани.

Пред почетокот на собранието, најавена е и изјава од страна на лидерот на партијата, Арбен Таравари.

Изминативе денови забележливи се превирањата помеѓу Таравари и останатите коалициски партнери во коалицијата Вреди.

Таравари во изјава за медиумите рече дека владината коалиција не функционира доволно синхронозирано и побара тоа да биде поправено.

Поделеноста во коалицијата Вреди е во однос на престојните локални избори, за тоа дали ќе настапат заеднички или посебно, а Таравари исто така рече дека сите партии од коалицијата имаат редовни контакти со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за што тој беше демантиран од Демократското движење, Беса и Алтернатива.

Зачлени се на нашиот е-билтен