Сири во центарот на скандалот: Како гласовниот асистент на Apple стана дел од тајна операција во Јемен

Минатиот месец, главниот уредник на „The Atlantic“, Џефри Голдберг, бил случајно додаден во Signal група за комуникација околу воен напад во Јемен кој требало да се случи истиот ден. Како што дознава „The Guardian“, по интерна истрага во Белата куќа, причината за ваквиот кикс била Сири.

Гласовниот асистент на Apple несвесно „помогнал“ при додавањето на погрешен контакт во чувствителна комуникација.

Сè започнало кога советникот за национална безбедност, Мајк Волц, сакал да го додаде портпаролот на Трамп во групниот разговор. Но, наместо тоа, завршил со додавање на Голдберг, бидејќи неговиот број бил случајно зачуван како дел од претходна комуникација. Волц претходно добил порака која содржела потписен блок со телефонскиот број на Голдберг, и според истрагата, Сири автоматски ја ажурирала контактната информација врз основа на тој број.

Проблемот настанал бидејќи iPhone, преку алгоритмот за „предложено ажурирање на контакт“, автоматски го додал бројот на Голдберг кај веќе постоечки контакт поврзан со кампањата на Трамп. Оваа функција, која може да се оневозможи во поставките на iOS, е пример за тоа како корисничка технологија, дизајнирана за погодност, може ненамерно да предизвика безбедносен ризик на високо ниво.

Случајот повторно го отвора прашањето дали е соодветно високи државни претставници да користат апликации како Signal и уреди како iPhone за комуникација околу национална безбедност. Иако Signal е препознатлива апликација за приватна комуникација, сепак останува потрошувачки производ, и како и Siri – се недоволно безбедни за дискусии за воени акции. Apple сè уште нема дадено официјален коментар за случајот.

Зачлени се на нашиот е-билтен