Маж се разнесе со бомба пред продавница во Хрватска

Фото: Suradnik13, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Во доцните попладневни часови, нешто пред 18 часот, жител од ромска националност си го одзеде животот со бомба пред продавница во хрватскиот град Дарда, на ужас и страв кај минувачите и вработените.

Полицијата на Осјечко-барањската жупанија ја потврди веста, информирајќи дека нивни екипи веднаш реагирале и излегле на терен.

Според локалните жители, човекот бил дел од маргинализирана група која редовно престојувала пред продавницата. „Тие двајца постојано се тука, пијат, очигледно се во тешка психичка состојба и живеат на маргините. Ова е резултат на целосна небрежност“, вели една 40-годишна жителка на Дарда.

Трагедијата се случила во близина на основно училиште, каде наставниците навремено ги задржале учениците внатре, што спречило евентуална поголема катастрофа. Школото е оддалечено помалку од еден километар од местото на експлозијата.

Овој немил настан уште еднаш отвора сериозни прашања за односот на институциите кон психичкото здравје, сиромаштијата и интеграцијата на ранливите заедници. Иако службеничките од продавницата се неповредени, нивниот шок сведочи за тежината на ситуацијата.

Увидот на полицијата е во тек, а деталите се очекуваат.

Зачлени се на нашиот е-билтен