Сива мачка со зелени очи предизвика краток метеж на северниот тревник од Белата куќа во Вашингтон, откако во петокот неочекувано се појави меѓу новинарите. Мачката по име Софи беше брзо пронајдена и вратена на сопственикот со помош на вработените во Белата куќа.
Софи накратко се најде и во собата за новинарски брифинзи, каде обично се поставуваат прашања до портпаролката на претседателот Доналд Трамп, Каролина Левит.
Cat spotted at White House, prowling north lawn. She has a collar and possibly an airtag pic.twitter.com/HR8D5xPKBh
— Jennifer Jacobs (@JenniferJJacobs) April 18, 2025
На социјалната мрежа X, новинарка сподели видео од мачката и се пошегува дека можеби се работи за „уред за прислушување“, бидејќи Софи носела околувратник и, како што изгледа, AirTag уред за следење.
И покрај тоа што областа околу Белата куќа важи за една од најстрого чуваните во светот, ова не е прв безбеден пробив – неодамна едно дете успеа да ја премине оградата пред да биде вратено кај родителите од Тајната служба.