Земјторес од 5,8 степени ја погоди авганистанско-таџикистанската граница

Земјотрес со јачина од 5,8 степени ја погоди областа долж авганистанско-таџикистанската граница, соопшти германскиот истражувачки центар за геологија (ГФЗ). Земјотресот бил почувствуван во неколку региони во Авганистан и Таџикистан, но засега нема потврди за сериозни последици.

Според соопштението на ГФЗ, потресот бил регистриран утринава во 06:47 часот по локално време, а епицентарот се наоѓал на длабочина од 92 километри. Оваа јачина на земјотресот е вообичаена за оваа географска област, која често е подложна на сеизмички активности.

Во моментов, нема информации за жртви или материјална штета, но локалните власти продолжуваат со проценки и мониторинг на состојбата.

Зачлени се на нашиот е-билтен