Американски конгресмен во посета на бојното поле во Украина, напиша порака за Путин на проектил

Американскиот конгресмен Брајан Фицпатрик при неговата посета на Украина отиде на фронтот во Украина и потпиша артилериска граната со порака упатена до рускиот претседател Владимир Путин.

Фицпатрик, републиканец од Пенсилванија, познат по својата поддршка за Украина, вчера ги обиколи украинските сили по средбата со претседателот Володимир Зеленски. За време на посетата, како што рече, неговата група била изложена на руско гранатирање во близина на границата, руските беспилотни летала ги следеле нивните движења, а во еден момент морале итно да ја напуштат областа.

„Тие се борат за нивната демократија, тие се борат за слобода, сите ние во Америка мора да ги поддржиме од се срце“, рече Фицпатрик во видео-обраќањето објавено на неговиот Фејсбук профил.

„Отсекогаш стоев со нив и секогаш ќе бидам. Ги поканувам сите мои колеги во Конгресот да дојдат и сами да се уверат“, додаде тој.

На друго видео, Фицпатрик е снимен како потпишува граната со „многу лична“ порака за Путин.

На граната напиша: „До: Путин, од: ПА-1. #МирПрекуСилат“. ПА-1 се однесува на неговата изборна единица во Пенсилванија, која ја претставува од 2017 година. Тој подоцна додаде дека „пораката стигна на вистинското место“.

Зачлени се на нашиот е-билтен