Палење канабис направи хаос: 25.000 жители на турски град случајно се „напушиле“

Околу 25.000 жители на турскиот град Лиџе, во провинцијата Дијарбекир, доживеале неочекувана и несакана „состојба“ откако полицијата запалила над 20 тони запленет канабис, објавија турските медиуми.

Инцидентот се случил на 18 април, кога властите организирале уништување на дрогата во близина на градот. Но, наместо рутинска операција, огромен облак од чад се проширил над населбата, предизвикувајќи вртоглавица, халуцинации и симптоми на интоксикација кај жителите.

Ненамерното „напушување“ на целиот град стана вест што брзо се прошири низ земјата, покренувајќи прашања за начинот на уништување на дрога и потенцијалното влијание врз јавноста.

Надлежните се уште не дале официјално соопштение за тоа дали ќе се менуваат процедурите за уништување на запленети наркотични супстанци по овој настан.

Зачлени се на нашиот е-билтен