На официјалниот профил на X, Белата куќа сподели фотографија креирана со вештачка интелигенција на која го прикажува актуелниот американски претседател, Доналд Трамп како папа.
Фотографијата, која оригинално е објавена од Трамп на неговата социјална мрежа „Truth Social“, а реобјавена од Белата куќа, се гледа Доналд Трамп како седи на папскиот стол, облечен како папа и покажува со прстот нагоре.
— The White House (@WhiteHouse) May 3, 2025
Ваквата фотографија доаѓа откако на социјалните мрежи корисниците се шегуваа дека Трамп би можел да биде новиот папа, по смртта на папата Франциск.
Дури и самиот Трамп во изјава за медиумите, шегувајќи се, рече дека би сакал да биде новиот папа.
Изборот на новиот папа започнува на 7 мај, кога кардиналите ќе се состанат на тајна Конлава за да гласаат за новиот лидер на Римокатоличката црква.