Последните два пациента повредени во пожарот во дискотеката во Кочани денеска беа отпуштени од Универзитетскиот клинички центар во Белград .
Се работи за Ангела Бошковска (24) и за Андреј Георгиев (23) кои пладнево ја напуштија Клиниката за пластична и реконструктивна реконструкција при УКЦС, јави дописникот на МИА од Белград.
Третманот на нивните повреди ќе продолжи во нашата држава.