Во Европската унија, 56,4 отсто од самовработените лица во текот на 2023 година продолжиле да
работат дури и по добивањето на првата пензија, објави денеска Евростат.
Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека меѓу земјите-членки на Европската
унија, процентот на самовработени пензионери кои продолжиле да работат или повторно се
вклучиле на пазарот на трудот бил највисок во Шведска (98,4 отсто), Финска (88) и Ирска (87,7).
Од друга страна, најниско учество имало во Шпанија (18,2 отсто), Грција (20,3) и Словенија (40,4).
Повеќе од половина (57 отсто) од вработените пензионери во ЕУ работеле со скратено работно
време.
Оваа стапка е значително повисока отколку кај вработените кои не се пензионери (16,2 отсто).