Си-Ен-Ен: Иран бара итен состанок на Советот за безбедност на ОН

Иран побара итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации за да се разговара за израелските напади врз земјата, изјави иранската мисија во ОН за Си-Ен-Ен.

Во израелскиот напад врз неколку локации во Иран утрово загинаа бројни команданти, научници и цивили, соопшти иранската агенција.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно соопштија дека над сто дронови биле лансирани од Иран кон Израел и дека израелските воздухопловни сили работат на нивно пресретнување.

Иранската влада соопшти дека израелскиот напад врз земјата, во кој загинаа неколку ирански генерали, научници и граѓани, докажал дека овој, како што велат, „нелегитимен режим“ не се придржува до никакви меѓународни правила или закони.

Зачлени се на нашиот е-билтен