Градоначалникот на Будимпешта ја спаси Парада на Гордоста од забраната на Орбан

И покрај забраната на унгарскиот премиер Виктор Орбан за одржување на Парада на Гордоста во главниот град, градоначалникот Гергеј Карачони, претставник на Зелените, презема чекори за одржување на настанот. Градските власти ќе ја организираат манифестацијата во соработка со организаторите на настанот, со цел да се прослави слободата, правата на ЛГБТ заедницата и љубовта.

Бидејќи станува збор за општинска манифестација, не е потребна дозвола од националните власти, што овозможува одржување на Парадата без пречки од централната влада.

Парадата традиционално се доживува како протест и чин на афирмација на права и еднаквост, и Зелените јасно порачаа дека нема да дозволат нивниот глас да биде замолчен.

Настанот е закажан за 28 јуни и повикува на масовно учество во маршот за слобода и љубов во Будимпешта.

Зачлени се на нашиот е-билтен